Фудбал
Решена уште една сага: Усман Дембеле синоќа пристигна да го потпише договорот!
Усман Дембеле конечно донесе одлука за продолжување на кариерата.
Французинот е без клуб веќе две недели откако му истече договорот со Барселона и трпеливо чекаше понуди од клубовите за да ја донесе својата одлука.
Дембеле од почетокот имаше понуда од Барселона да остане на Камп Ноу, но тој веднаш не го прифати договорот бидејќи неговиот агент Муса Сисоко беше незадоволен од условите кои му ги понуди Барселона.
Сисоко бараше неверојатни услови од другите клубови, па дури и бонус од 15 милиони евра за себе, што никој не сакаше да го понуди на крајот.
Поради ова Дембеле конечно „скрши“ и реши да остане во Барселона. Французинот синоќа пристигна во Барселона, каде го пречека група фоторепортери.
Ousmane Dembélé has just landed in Barcelona. He’s back to complete the new contract with Barça, already agreed until June 2024 🚨🛬 #FCB
There’s full agreement still waiting for Barcelona final approval. Ousmane will reduce his salary.@victor_nahe 🎥⤵️pic.twitter.com/ZbYlkQW2EK
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 10, 2022
Дембеле денеска веќе би требало да има лекарски прегледи во каталонскиот клуб и со Барса ќе потпише двегодишен договор според кој ќе заработува десет милиони евра по сезона.
Тој се согласи да ја намали платата за да и помогне на Барселона, но се чини дека навистина немаше избор бидејќи немаше други понуди.
Ousmane Dembélé has accepted all clauses of the new contract offered by Barcelona. It will be valid until June 2024, lower salary as he wanted to stay… and Xavi really wants him. 🔵🔴🤝 #FCB
Ousmane, in Barcelona today – hopeful to get new deal signed on club side this week. pic.twitter.com/RPOn69jqAG
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 11, 2022
По завршувањето на лекарските прегледи и потпишувањето на новиот договор со каталонскиот клуб, Дембеле се очекува веќе вечерва да му се приклучи на остатокот од тимот во подготовките за новата сезона. Останувањето на Французинот многу ќе го израдува Чави бидејќи Дембеле беше најдобар играч на Барса во вториот дел од минатата сезона.