Поврзи се со нас

Фудбал

Решението за одбрана на Јунајтед доаѓа од Реал Мадрид?

Манчестер Јунајтед потроши 80 милиони фунти минатата година за да го добие Хари Мегваер од Лестер, бидејќи тој го гледаше како нов предводник на одбраната, но таа инвестиција немаше исход за кој се надеваа во клубот.

Мегваер не успеа да се наметне како главен човек на одбраната откако дојде во Јунајтед, па челниците на клубот сега повторно се во паника во потрага по скапи засилувања на позицијата стопер. Според „Manchester Evening News“, следна желба на лидерот на клубот е стоперот на Реал Мадрид, Рафаел Варан, за кого се подготвени да платат околу 100 милиони евра.

Французинот сè уште не добил официјална понуда од Јунајтед, но англиските медиуми наведуваат дека тоа би можело да дојде веќе во јануари. Варан има договор со Реал до 2022 година, па клубот од Мадрид не мора да го продава, освен ако не добие понуда што не може да се одбие.

loading...

Facebook