Connect with us

Фудбал

Резервите го извлекоа Тотенхем од голем срам против Моркамб

Екипата на Тотенхем стигна до исклучително тежок успех над непретенциозниот тим на Моркамб во натпревар од третото коло на турнирот за ФА Купот. Избраниците на Антонио Конте победија со 3:1, иако до 74. минута заостанаа 0:1.

Тимот од Лига 1 поведе нешто по половина час игра по голот на Ентони О’Конор. Третолигашот го задржа водството до паузата, иако „мамузите“ создадоа многу опасни ситуации.

Во вториот дел сликата не се промени, но голот не падна. Во средината на полувремето, менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте беше принуден на тројна замена, внесувајќи ги Лукас Моура, Оливер Скип и Хари Кејн. Резултатот не задоцни и само пет минути по промената лондончани израмнија преку Хари Винкс.

На пет минути до крајот на регуларното време резервистот Лукас Моура донесе целосен пресврт на стадионот на Тотенхем, а 180 секунди подоцна Хари Кејн со трет гол го запечати успехот на својот тим.