Connect with us

Ракомет

РФМ: Сите тестови на играчите и стручниот штаб се негативни

Скопје, 3 ноември 2020 (МИА) – Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на ЕХФ ЕУРО 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна федерација на Македонија ги спроведе последните тестирања за детекција на вирусот „COVID – 19“, соопшти РФМ.

Сите резултати на спроведените тестови на ракометарите и стручниот штаб се негативни.

Исто така, и селекцијата на Финска го потврди списокот на делегацијата која пристигнува и се со негативни тестови.

Од РФМ потсетуваат дека согласно Протоколите за спроведување на натпревари донесени од Владата и документот издаден од Европската Ракометна Федерација “EHF Hygiene Concept” за спроведување на натпревари не е предвидена прес-конференција. зс/