Фудбал
Ристовски: Го запрев Роналдо, знам како и против Италија
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски во интервју за Газета дело Спорт во пресрет на утрешниот мче помеѓу Италија и Македонија зборуваше за очекувањата. Меѓудругото, тој изјави дека го сопрел Роналдо, па знае и како треба против Италија.
– Репрезентацијата е едно големо семејство, сите си помагаме еден на друг. За да победите големи селекции како Италија потребен ви е тимски дух, мора сите да се жртвуваат. Јас еднаш успеав да го запрам Роналдо, па знам како и против Италија, вели тој.
Ристовски е интересен за италијанските медиуми бидејќи играше за неколку клубови во Италија, како што се Парма, Бари, Фросиноне, Кротоне и Латина. Тој вели дека Италија е под притисок, додека Македонија нема што да загуби. Потенцираше дека нашата селекција е како едно семејство и посакуваат да го изненадат европскиот шампион.