Connect with us

Фудбал

Ривалдо „распали“ по угледното француско списание. Тие не ја почитуваат Барса, ниту Меси

Пред неколку дена Лионел Меси „се појави“ на насловната страница на „Франс Фудбал“ во дресот на францускиот шампион ПСЖ.

Тоа разочара многу љубители на фудбалот, а за ова прашање се огласи и некогаш одличниот фудбалер на Барселона, Ривалдо.

Ривалдо верува дека угледното француско списание на овој начин покажа непочитување кон Меси, но и кон Барселона.

„Угледниот француски магазин „Франс Фудбал“ одлучи да го стави Лионел Меси на насловната страница во дресот на ПСЖ. Ова е лошо однесување, непочитување кон Барселона, особено во неделата пред големиот натпревар во ЛШ помеѓу овие два тима. Но, тоа е и непочитување кон самиот Меси, може да го повреди. Доколку шпанскиот клуб биде елиминиран, тогаш многу навивачи или новинари ќе можат да кажат дека играчот не бил целосно фокусиран. Затоа притисокот врз него ќе биде како никогаш порано“, рече Ривалдо и додаде:

„Оваа одлука може да се смета за провокација од француското издание и се чини дека е очигледна грешка. Ова списание е ценето насекаде низ светот и таквиот потег нема да има корист од тоа. Сè уште не знаеме дали имало контакти меѓу Меси и ПСЖ, но ако е така, сигурен сум дека Меси секогаш ќе ја почитува Барселона и ќе дава максимум на секој натпревар до крајот на договорот. Не се согласувам со таквиот чин на списанието“, додаде Ривалдо