Connect with us

Фудбал

„РМЦ“: Меси заминува од ПСЖ, само една работа може да го спречи

Лионел Меси ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот од сезоната. Во ПСЖ сакаат да се ослободат од еден од тројцата напаѓачи, а меѓу Килијан Мбапе, Нејмар и Меси изборот падна на аргентинскиот гениј. Единствената шанса тоа да се смени е катарските сопственици на клубот да размислат за продолжување со него како приоритет и притоа да не штедат на понудата што треба да му ја дадат.

Ова го наведуваат француските медиуми, а најдалеку во своите прогнози оди RMC, кој прв ја објави неверојатната вест дека Меси ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во Париз во летото 2021 година. Токму тоа француско радио наведува дека брзата понуда од сопственикот на клубот е единствениот начин што може да го омекне односот на Меси, но истакнува дека и во тој случај неговиот престој не би бил загарантиран.

Меси во последните денови се поврзуваше со враќање во Барселона, за што зборуваа дел од играчите на клубот, како и претседателот Жоан Лапорта. За тоа да се случи Барселона мора да ги среди финансиите.