Фудбал
Роберто Карлос се врати на теренот, ќе игра за 5 фунти, но многумина изненадени од неговиот изглед
Легендарниот Роберто Карлос денеска се враќа на фудбалските терени. Бразилецот ќе одигра долго најавуван натпревар за „Bull in the Barne United“ од Швербери. Легендарниот фудбалер се враќа од пензија и ќе игра за само пет фунти, што го потврди и секретарот на клубот.
„Плативме пет фунти за еден од најдобрите леви бекови во светот да потпише за нас. Роберто Карлос ќе игра за нашиот тим во февруари и ќе игра на еден од натпреварите. Никој не веруваше дека ова ќе се случи, ова е како сон“, рече Метју Бравин за Би-Би-Си.
Карлос излезе да се загрева пред денешниот натпревар, но е далеку од формата по која беше препознатлив. Како да не се грижеше за своето тело на крајот од кариерата и многумина беа изненадени од неговиот изглед. Тој е прилично запоставен, што може да се види на фотографијата во прилог.
48-годишниот фудбалер беше купен преку eBay на аукција на која учествуваа други тимови, а на крајот беше купен за пет фунти.
Аукцијата на eBay беше организирана во хуманитарни цели, а Роберто Карлос ги воодушеви сите со својата одлука да биде дел од оваа акција.