Фудбал
Роберто Манчини: Мислам само на Македонија!
Селекорот на Италија, Роберто Манчини вели дека во моментов размислува единствено на Македонија и на мечот против нив. Ниту една друга репрезентација, или следен противник не го интересира.
Меѓу останатото, претходно одигравме и еден доста храбар меч во Скопје против Италија, каде за жал загубивме со 3:2, но покажавме дека не стравуваме од големите репрезентации.
-Мислам дека титулата на ЕП доста не опушти. Затоа не ги одработивме добро завршните минути од квалификациите за СП. Меѓутоа, шансата е тука и јас сун оптимист. Верувам дека ќе одиме во Катар. Фокусиран сум на Македонија, изјави Манчини.
Во историскиот бараж за пласман на СП, Македонија и гостува на Италија, а доколку се случи да ги елиминираме, тогаш во финалниот меч за пласман на Мундијалот ќе играме против подобриот од дуелот Португалија-Турција.