Други спортови
Роџер Федерер конечно откри кога ќе се врати на терените
Роџер Федерер неодамна го откажа настапот на Австралија опен, но знае кога ќе се врати на терените.
Легендарниот Швајцарец на почетокот на овој месец откри дека нема да игра во Мелбурн на Австралија опен бидејќи не се согласи да мине две недели во карантин.
Тоа би значело дека целото негово семејство мора да биде ставено во карантин, па откако разговарал со сопругата, тој решил да го откаже доаѓањето во Австралија.
Сепак, швајцарскиот тенисер повторно проговори и откри кога конечно ќе се врати на тенискиот терен.
Федерер најави дека ќе игра повторно следниот месец на АТП турнирот во Доха, кој започнува на 8 март. Ова ќе биде прв турнир за Федерер по пауза од повеќе од 13 месеци.