Тајмаут
Родителите во неверување поради потезите на атрактивните келнерки со пионерите на фудбалскиот клуб
Англиската јавност е поделена по последниот спонзорски договор кој изненади многумина.
Имено, ресторанот Hooters, препознатлив по своите атрактивни келнерки во шорцеви и со длабоко деколте, стана спонзор на локален клуб во Нотингем.
Ништо овде не би било толку чудно да не беа пионерите на локалниот клуб Бартон Џојс, што особено ги разочара родителите на момчињата.
„Што е следно? Танцување во скут на училишни настани“, бил само еден коментар од лут родител откако дознал за спонзорството.

Синџирот ресторани Hooteres има преку 400 ресторани во 29 земји низ светот, а само еден се наоѓа во Англија, а тоа е Нотингем.
На дресот на клубот, кој инаку е зелен, ќе има текст со натпис на ресторанот од кој соопштија дека се гордееле што се спонзори на тимот до 10 години.

„Претпоставувам дека сега татковците нема да ги пропуштат натпреварите на своите синови“, е само еден од коментарите на овој договор.
„Овие момчиња се помлади од 10 години, се сомневам дека се запознаени со женската привлечност“, гласи коментарот кој оди во прилог на Хотерс.
Hooters of Nottingham have sponsored a local Under-10s football team
LOOK HOW HAPPY THE LADS ARE 😂 pic.twitter.com/7qo7foHLVd
— Toby Tarrant 🇺🇦❤ (@tobytarrant) September 1, 2022
Клубот Бартон Џојс е основан во 1990 година, тоа е фудбалско училиште за момчиња и девојчиња и сега тие би можеле да бидат во неволја.

Имено, англиската ФА забранува дресовите од младинската категорија да прикажуваат ознаки кои може да се сметаат за штетни за благосостојбата, здравјето или општиот интерес на младите или на друг начин да се сметаат за несоодветни.