Connect with us

Фудбал

Рој Кин бесен: Два жолти, прегратки … Дали е тоа дерби?

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин беше фрустриран од денешното дерби на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити одиграа мирно 0:0, и навистина во текот на целиот натпревар имаше впечаток дека се работи за пријателски натпревар, а не за дуел од Премиер лигата помеѓу градски ривали.

„Два жолти картони на дерби и толку многу прегратки и разговори помеѓу членови на два клуба по еден натпревар … Тоа е дерби? Фрустриран сум! Треба да најдете начин да победите на еден фудбалски натпревар“, рече Кин.

Менаџерите на двата тима изјавија дека се задоволни од резултатот, иако дефинитивно недостасуваше вистинска фудбалска страст меѓу двата тима од ист град на култниот стадион на натпреварот од англиската Премиер лига.

Сите навивачи на Јунајтед веројатно добро се сеќаваат како Кин „се жртуваше“ во црвениот дрес предводен од Сер Алекс Фергусон и во далеку помали натпревари.