Connect with us

Фудбал

Ројс за поразот од Лацио: Вака не сакавме да ја започнеме оваа Лига на шампиони

Рим, 21 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс го коментираше поразот од Лацио со 1: 3 во натпреварот од 1. коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

  • Борусија спиеше во поголемиот дел од првото полувреме. Не можам да објаснам зошто се случи тоа. Во второто полувреме можевме да создадеме 2-3 добри шанси, но немавме амбиција или компактност. Така не сакавме да ја започнеме оваа Лига на шампиони. Недостаток на детали. Немавме доволно луѓе во последната третина од теренот каде требаше да создадеме закана. Играта со додавање не функционираше, не работеше ниту притисокот. Одигравме далеку од најдобрата игра и мора да прифатиме дел од критиките на нашата адреса, самокритичен е Ројс.

Во 2. коло Борусија на домашен терен ќе игра со Зенит. Средбата е закажана 28 октомври. зс/