Фудбал
Рома објави видео од збогувањето на Тоти, а потоа се огласи и голманот на Ливерпул
Пред скоро три години, Франческо Тоти реши да ја заврши кариерата, а своето „збогум“ што го имаше на Олимпик ќе се памети засекогаш.
Тогаш Рома ја совлада Џенова со 3:2 во последното коло од сезоната, со тоа што во завршните секунди од играта Диего Пероти постигна гол.
Атмосферата на трибините беше неверојатна, а на Тоти доби збогување какво што не можеше ниту да сонува.
На официјалниот канал на Твитер, Рома се потсети на гол Диего Пероти и неверојатна прослава на трибините. Во коментарите се огласи и поранешниот голман на овој тим Алисон, кој во моментов е член на Ливерпул, но бранеше во споменатиот натпревар.
„Ух, колку емоции имаше тој ден“, напиша Алисон.
?❤️ pic.twitter.com/ggOh8qn1O2 https://t.co/pkWM1HoIRz
— AS Roma (@OfficialASRoma) April 2, 2020