Connect with us

Фудбал

Роман Абрамович се повлече од Челзи

Откако му беше забранет престој во Велика Британија, поради тоа што беше означен како еден од олигарсите кои го поддржуваат Путин, Роман Абрамович одлучи да се повлече од Челзи.

-Во текот на 20 години на чело на Челзи, отсекогаш се трудев нашиот клуб да биде пример и дека моја работа е да обезбедам функционирање на највисоко ниво и да донесам успеси кои клубот ги постигнал, но и да ја градам иднината со позитивна улога во заедницата. Челзи отсекогаш бил на прво место и секогаш во моето срце, секогаш ќе останам верен на тој клуб и затоа најавувам дека сопственоста ја предавам на добротворната организација на Челзи. Верувам дека ќе се грижи за клубот, играчите, персоналот и навивачите на најдобар начин – напиша Роман, а пренесе клупскиот сајт на Челзи.