Connect with us

Ракомет

Романија без најдобрата ракометарка во полуфиналето на ЕП

Ракометната репрезентација на Романија ќе има голем проблем во борбата за медал на Европското првенство (ЕП)  затоа што остана без услугите на најдобрата ракометарка Кристина Неагу.

Неагу, која стана најдобар стрелец во историјата на ЕП, пред крајот на мечот со Унгарија се здоби со повреда, а проценките не се позитивни. Се вели дека таа има повреда на лигаментите на коленото и дека настапот за неа на овој собир е завршен.

Романија е веќе во полуфиналето на ЕП, а за противник ќе ја има селекцијата на Русија.