Connect with us

Фудбал

Романо: Челзи купи играч од Холандија за 35 милиони евра

Челзи се договорил со ПСВ за трансфер на крилниот напаѓач Нони Мадуек, пренесува Фабрицио Романо. Клубовите наводно се договориле за трансфер кој со бонуси ќе биде вреден околу 35 милиони евра, а се очекува зделката и официјално да биде потврдена за неколку дена.

Романо пишува дека раководството на Челзи навистина го сакала 20-годишниот англиски репрезентативец до 21 година, кој пристигна во ПСВ во 2018 година како дете од Тотенхем. Досега за холандскиот клуб одигра 80 натпревари и постигна 20 гола и 14 асистенции, а оваа сезона на девет настапи во сите натпреварувања постигна два гола.

Доколку се комплетира овој трансфер, Челзи ќе ја подигне бројката потрошена за нови играчи оваа сезона на нереални 485 милиони евра. Михајло Мудрик веќе беше купен зимава за околу 100 милиони евра, Давид Датро Фофана дојде од Молде за 12 милиони, а позајмицата на Жоао Феликс до крајот на сезоната му беше исплатена на Атлетико за 11 милиони евра.