Фудбал
Романтичен трансфер: Од Англија дојде во саканиот клуб за 910 евра
Актуелниот играч на шведската репрезентација Мартин Олсон направи интересен трансфер во замавот на коронавирусот.
Од 2007 година, Олсон играше на Островот, каде што го носеше дресот на Блекбурн, Норвич и Свонси, а бидејќи веќе подолго време нема ангажман, реши да се врати во татковината.
И негова нова станица е Хелсинборг, клуб за кој навива уште од детството, а многумина беа изненадени кога дознаа дека месечниот приход на Олсон би бил 10 000 шведски круни, или – 910 евра!
„Знаеме дека е малку чудно да потпишуваме играч во ваква ситуација, но ако имаме можност да се засилиме со некој како Олсон, без да влијаеме на нашите финансии, тогаш ќе го искористиме тоа“, рече еден од лидерите на Хелсинборг, Робин Лундгрен.
Олсон, очигледно, имал разбирање за кризата што преовладува како резултат на епидемијата на коронавирусот, а кога истата ќе помине, се очекува да добие покачување во согласност со квалитетите што ги има.
За репрезентацијата на Шведска овој фудбалер досега има одиграно 48 натпревари.