Connect with us

Фудбал

Роналд Куман го освои својот прв трофеј во последните 12 години

Холандскиот стручњак Роналд Куман (58) го освои својот прв трофеј со Барселона, а тоа е трофејот во Купот на кралот, до кој Каталонците стигнаа со убедлива победа од 4:0 над Атлетик Билбао.

Барселона целосно го демолираше баскискиот клуб. Сите голови беа постигнати во второто полувреме и противникот може да биде среќен што на крајот прими само четири гола.

„Пресреќни сме затоа што заслуживме барем еден трофеј оваа сезона. Заслужено и ова е среќен ден за сите Каталонци. Исто така, ќе се бориме за Ла Лига до крајот на сезоната“, изјави Куман по победата.

Трофејот во Купот на кралот е прв за Куман како тренер на клупата на Барселона, но и прв трофеј за Холанѓанецот по цели 12 години во кои тој немаше успех како тренер.

Последниот трофеј што го подигна беше Купот Јохан Кројф (Супер Куп на Холандија) кој го освои со АЗ Алкмар во 2009 година, проследен со прилично суша кога станува збор за клупските трофеи на овој 58-годишен тренер.

Тој го водеше по АЗ, Феенорд три години, Саутемптон две, Евертон една сезона и не успеа да освои ниту еден трофеј со овие тимови.

Сепак, треба да се напомене дека во својата тренерска кариера, Куман ги предводеше Ајакс и ПСВ до титулата. Со ПСВ по една сезона водство освои една титула.

Тој ги зеде Купот и Суперкупот со Ајакс, а од останатите трофеи вреди да се спомене Суперкупот на Португалија со Бенфика, но и Купот на кралот во Шпанија, кој го освои во 2008 година на клупата на Валенсија.

До крајот на сезоната, Куман има шанса да ја освои и Ла Лига, а Барселона во моментов е третиот тим во шпанското првенство со 65 бода. Пред нив се Атлетико со 67 и Реал Мадрид со 66 поени.

Куман веројатно ќе има шанса да брка трофеи со Барселона и следната сезона. Тој ја има поддршката од новото раководство на тимот, и ќе видиме колку ќе трае.

Тој го водеше Ајакс најдолго во својата тренерска кариера, каде остана три и пол години и каде на крајот имаше најмногу тренерски успеси, но тие успеси беа пред скоро две децении.