Connect with us

Фудбал

Роналд Куман испрати интересна порака: Не верувајте во сè што слушате

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, сè уште не е сигурен дали ќе го води каталонскиот клуб следната сезона.

Првиот состанок со челниците на клубот, наводно поминал многу добро, но синоќа се појавија информации дека Куман завршил во болница поради стрес и вознемиреност.

Сепак, се покажало дека станува збор за рутинска проверка која холандски стручњак ја извршувал на секои три месеци, а тој денес пристигнал дома во Холандија и по пристигнувањето испратил порака.

„Не верувај во сè што слушаш, јас сум здрав и тоа е единственото нешто што е важно во животот“, напиша Куман.

Холандскиот стручњак сега ја чека одлуката на управата на клубот за неговата судбина, а таа треба да пристигне во следните две недели.