Поврзи се со нас

Фудбал

Роналд Куман отпиша уште шест играчи и им порача да бараат нови клубови

Холандскиот стручњак Роналд Куман прчкрта неколку играчи со доаѓањето во Барселона, но се чини дека тој не заврши со тоа.

Барселона летово продаде неколку играчи затоа што Куман им порача дека не сметаат на нив, а најголемото изненадување беше што премногу лесно се откажа од уругвајскиот напаѓач Луис Суарез.

Каталонците се очекува да донесат барем едно засилување во јануари, а најголем проблем имаат на позицијата напаѓач. Но, се чини дека има и заминувања од Барселона во јануари.

Мадридски АС денес објави дека Куман повторно отпишал неколку играчи и им рекол дека можат да бараат нов клуб во јануари.

На списокот на „отпишани“ има шест играчи, имено Мартин Брајтвајт, Самуел Умтити, Рики Пуиг, Жуниор Фирпо, Карлес Алена и Матеус Фернандез. Со продажба на некои од овие играчи, клубот сака да обезбеди пари за да го донесе Мемфис Депај.

 

loading...

Facebook