Connect with us

Фудбал

Роналдињо и Ромарио направија шоу во Копакабана, погледнете ги овие мајстории (ВИДЕО)

Роналдињо официјално ја заврши кариерата пред неколку години кога го напушти Флуминенсе.

Минатата година имаше проблеми со законот бидејќи во Парагвај влегол со фалсификуван пасош, поради што беше во затвор половина година.

Но, легендарниот Бразилец со голем стил се врати на сцената и беше дел од турнирот во Рио де Жанеиро на легендарната плажа Копакабана. Познато е дека Бразилците многу сакаат фудбал на плажа, а посебен шарм носи фудбалот кој е многу популарен на плажите во Бразил.

Роналдињо на турнирот играше против тимот во кој беше Ромарио, кој се повлече од фудбалот пред нешто повеќе од десет години, а потоа и се посвети на политиката, каде се уште успешно „плива“.

Ова легендарно дуо ја воодушеви јавноста со своите потези и покажа дека се уште има магија во нозете, а поради неколку фантастични погодоци Роналдињо и Ромарио добија големи овации од трибините.