Фудбал
Роналдињо се враќа на теренот следниот месец
Во септември ќе имаме шанса повторно да го видиме како игра фудбал легендарниот Роналдињо.
Бразилскиот фудбалски великан Роналдињо Гаучо ќе се врати во Еквадор во септември за да биде спонзор на детски турнир во градот Манта, каде ќе одигра и пробен натпревар против други играчи, објавија организаторите на настанот.
Поранешниот играч на ПСЖ, Барселона, Милан и Фламенго ќе биде главна атракција на натпреварот кој ќе се одигра на 24 септември на стадионот Жокај де Манта.
Заедно со Роналдињо се очекува да учествуваат Колумбиецот Фабијан Варгас и Аргентинецот Карлос Фернандо Наваро Монтој.
Ова ќе биде трето гостување на Роналдињо на Еквадор од 2016 година кога одигра егзибициски меч со Барселона од Гвајакил.