Connect with us

Тајмаут

Роналдо доби нова статуа, поубава е од онаа во Мадеира (ФОТО)

Роналдо претходните денови доби нова статуа која беше поставена во Индија, а на прв поглед може да се забележи дека е поубава од онаа во Мадеира.

Статуата е поставена во градот Калангуте. Чинеше околу 12.000 фунти и тежи повеќе од 400 кг.

Министерот на индиската држава Гоа изјави дека статуата е поставена како мотивација за помладите да го подигнат фудбалот во Индија на повисоко ниво.

Но, имаше и такви кои го критикуваа ваквиот потег на локалната власт бидејќи сметаат дека статуата требало да ја добие некој од локалните фудбалери.

Инаку, сојузната држава Гоа лоцирана во западниот дел на Индија била португалска колонија.

Роналдо веќе има една статуа во неговата родна Мадеира. Откако првата верзија беше исмеана, таа беше заменета со малку поинаква верзија.