Connect with us

Фудбал

„Роналдо доби црвен картон затоа што судијата Брих халуцинираше“

Легендарниот италијански тренер Марчело Липи бара во Лигата на шампионите да се воведе ВАР откако неодамна беше исклучен Криатијано Роналдо во натпреварот на Јуве против Валенсија.

Германскиот судија Феликс Брих му покажа директен црвен картон на Роналдо на Местаља.

„Роналдо доби црвен картон затоа што извесна личност халуцинираше. Не можеме на тој начин да ја компромитираме играта. Зборуваме за „АС“ кој до тој натпревар никогаш не бил исклучен, а одигра 154 натпревари во Лигата на шампионите – светот со право го смета Роналдо за ѕвезда, но тој пред се е човек кој сака да му помогне на другите и ги почитува другите. Меговите солзи на Местаља го потврдуваат тоа“, рече Липи.

„Сега УЕФА треба да излезе во јавноста и да каже дека згрешила. Не може да се промени таа одлука, но друга суспензија би била апсурдна. Во лигата на шампионите е потребен ВАР“, заклучи Липи