Connect with us

Фудбал

Роналдо е подготвен да ја донесе најболната и најтешката одлука во кариерата

Кристијано Роналдо се најде во голем проблем откако Ерик тен Хаг го исфрли од тимот по уште еден негов арогантен потег, а повторно почнаа шпекулациите дека Португалецот може да го напушти Манчестер Јунајтед веќе во јануари.

Роналдо прилично лесно се врати во тимот, па дури и постигна гол неодамна против Евертон, но се повторно тргна во надолна линија откако пред неколку дена не доби ниту една минута на дербито против Тотенхем.

Португалецот се загреваше во вториот дел од тој меч, но кога сфати дека Тен Хаг нема да го воведе во игра, не се врати на клупата за резервни играчи, туку отиде директно во соблекувалната.

Многумина го осудија однесувањето на Роналдо и порачаа дека тој уште еднаш покажа непочитување кон клубот од Олд Трафорд, а Тен Хаг веднаш покажа дека повеќе нема да го толерира.

Холандскиот стручњак го исфрли Роналдо од тимот и тој синоќа не конкурираше за натпреварот против Челзи, а тренираше со резервниот тим на овој клуб.

Иако рече дека ќе се врати посилен од било кога и дека му е јасно дека треба повторно да му се докаже на Тен Хаг на тренинзите и да покаже колку му значи клубот, се чини дека најверојатната опција е за него да го напуштат клубот.

Во англиските медиуми повторно почнаа шпекулациите дека Роналдо во јануари ќе го напушти Манчестер Јунајтед и дека клубот е подготвен дури и да го пушти бесплатно само за да се ослободи од него.

Роналдо сакаше да го напушти Јунајтед и ова лето, но тогаш проблемот беше што ниту еден клуб не покажа интерес да го доведе. Целта му беше да замине во клуб кој игра во Лигата на шампионите, но сега се поизвесно е дека повеќе нема да го видиме во тоа натпреварување.

Наводно, Роналдо станал свесен дека тешко ќе ја добие понудата што ја очекува во јануари, а како што стојат работите би можел да се помири со тоа дека времето полека му поминува.

Беше објавено дека Роналдо дури почнал да размислува за понуди од клубови надвор од Европа и дека решил тоа да биде една од опциите во јануари.

Роналдо му рекол на својот агент дека сега е подготвен да замине во американската МЛС и дека е подготвен да ги разгледа понудите од клубови од Соединетите Американски Држави, што доволно покажува дека и тој е свесен дека крајот на неговата кариера е многу блиску. .

Сигурно е дека Роналдо на секој начин ќе се обиде да се врати во тимот во наредните денови, а дали Тен Хаг ќе му го дозволи тоа и ќе му прости на арогантното однесување, останува да видиме.