Connect with us

Фудбал

Роналдо фатен како излегува во Мадрид. Видеото ги „опустоши“ социјалните мрежи

Кристијано Роналдо предизвика бурни реакции во мадридската „Ла Кастелана“. Ноќта на празникот таму се појавил со пријателите и сопругата Георгина Родригез и нејзиниот божиќен подарок, Ролс Ројс вреден околу 300 илјади евра. Откако доби отказ од Манчестер Јунајтед, Роналдо чека нова работа во Мадрид еден месец пред неговиот 38 роденден.

Се очекува тој да потпише за Саудиски Ал Наср, а дотогаш видеото од неговото ноќно излегување на кое го покажува подарокот на неговата сопруга стана вирално на TikTok и Twitter, што исто така беше топ тема на социјалните мрежи во последните денови.

@alberam17 El bichooooo 🚗🔝❤️ #cristiano #cr7 #rollsroyce ♬ Baianá (Sped Up Version) – Bakermat