Connect with us

Фудбал

Роналдо ги нападнал соиграчите во соблекувална: Како не ви е срам?!

Кристијано Роналдо беше херој во Лигата на шампиони (ЛШ) откако постигна гол за триумф од 3-2 против Аталанта.

Португалецот бил бесен на паузата, па нервозно им викал на соиграчите поради играта. Тој ги запрашал „зарем не е срамота да играме вака на домашен терен?“. Добил поддршка од Оле Гунар Солскјер, кој верувал во пресвртот на својата екипа.

Јунајтед имаше лош старт на сезоната, а в недела ги очекува нов голем тест затоа што на „Олд Трафорд“ го чекаат Ливерпул.