Фудбал
Роналдо го доживеа најголемото понижување во кариерааш ќе памети што му направи Тен Хаг, засеког
Колку и да звучи нереално, но веројатно најдобриот играч на сите времиња стана небитен дури и во својот тим.
Кога се врати во Манчестер Јунајтед, Роналдо покажа највисоки можни амбиции, но една година подоцна неговото враќање на Олд Трафорд стана целосен кошмар.
Во градското дерби против Манчестер Сити, славниот Португалец го доживеа можеби најголемото понижување во кариерата, а тоа што му го направи Ерик Тен Хаг веројатно не е незабележително.
Ниту самиот Роналдо не може да се сети кога пропушти дерби кога беше целосно во форма. Без разлика дали тоа беше во првиот мандат во Манчестер Јунајтед, Јувентус или Реал Мадрид.
Тоа се случи токму денеска. Во поразот од Сити од 6:3, Роналдо седеше на клупата цели 90 минути, што е незамисливо за играч од таков калибар.
Португалскиот ас освои пет Златни топки во кариерата и официјално е најдобар стрелец во историјата на фудбалот со 815 голови, но тоа очигледно е неважно за Тен Хаг.
Cristiano Ronaldo qui n’est pas rentré du match c terrifiant pic.twitter.com/CmcwN3KPKd
— Glanado (@Glanado_) October 2, 2022
Камерите на „Етихад“ го фатија Роналдо како превртува со очите и дува во неколку наврати. Првото е дека не игра, а второто е дека на неговиот тим му оди катастрофално на теренот.
Cristiano Ronaldo – öldürdüm çiçeğimi yaşatamadım pic.twitter.com/lScVrHberD
— Jorge Jesus (@desouzaa_2) October 2, 2022
Оваа сезона во Премиершип, Роналдо како стартер започна само еднаш и тоа на дуелот против Брентфорд, кога „Ѓаволите“ беа понижени со резултат 4:0.
На другите мечеви доаѓаше од клупата, на тоа се надеваше против Граѓаните, но остана закован на клупата цели 90 минути, што доволно говори за неговиот статус во тимот. Тен Хег направи пет измени, а во ниту еден момент не му падна на памет да го повика Роналдо.
Роналдо во досегашниот дел од сезоната има само осум настапи со еден гол и тоа против Шериф во Лига Европа. Полека, но сигурно неговиот сјај исчезнува.