Connect with us

Фудбал

Роналдо го изедначи рекордот по бројот на голови во Серија А од 1961 година

Кристијано Роналдо синоќа постигна два нови гола за Јувентус.

Неговиот тим славеше со 4:0 во Парма, а Роналдо со нови погодоци го изедначи рекордот на Омар Сивори од 1961 година.

Португалецот стана петтиот играч кој постигнал најмалку 32 гола во Серија А за една календарска година. Роналдо може дополнително да го подобри тој рекорд бидејќи му преостанува уште еден натпревар на шампионатот до крајот на 2020 година.

Тој исто така ќе има можност да го победи Стефан Најерс, кој постигна 33 гола во 1951 година. Конечниот рекорд му припаѓа на Феличе Борел со 41 погодок од 1933 година, а го следи Гунар Нордал со 36 гола кои ги постигна во 1950 година.

Извонредно е што Роналдо постигна 32 гола играјќи само 28 натпревари во Серија А во 2020 година.