Connect with us

Фудбал

Роналдо и Меси во ист тим? Такво нешто можело да се случи во 2009-та

Дали можете да замислите Кристијано Роналдо и Лионел Меси во ист дрес? Навистина е чудно, со оглед дека тие се најголемите ривали, но тоа можело навистина да биде реалност во 2009-та година.

Сето ова го открил некогашниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон во интервју за шпански „Ас“.

-Уште во 2007. и 2008. Година водев преговори и се договорив со Роналдо во 2009-та година да се пресели кај нас. Подоцна тој трансфер го комплетираше мојот наследник Флорентино Перезм вели Калдерон, кој додава:

-Само еден месец откако Барселона го совлада Манчестер Јунајтед во финалето на ЛШ, фергусон дознал за нашиот договор. Се обиде да направи се, Роналдо да не дојде во Реал. Го понуди на Барселона бидејќи тогаш Реал Мадрид беше најголем ривал на Манчестер Јунајтед, се присетува Калдердон.

Како што вели тој Роналдо имал желба да дојде во Реал Мадрид, но секако тогаш се прашувал и Јунајтед, а Барселона имала желба да го купи. Сепак, проблем биле административните работи, односно веќе дадениот потпис на Роналдо.

-Кога разговарав со Роналдо, ми рече сака да дојде во Реал Мадрид и го искористив тоа. Барселона беше воодушевена што добила можност да преговара со него, но тој веќе имаше потпишано документ со мене на кој стоеше дека страната која ќе се откаже од трансферот ќе мора на другата страна да и исплати 30 милиони евра обесштетување. Мислам дека тоа е главната причина поради која работите не трнгаа во друг правец, вели Калдерон.