Фудбал
Роналдо и тимот одбиле тестирање на коронавирус, причината ќе ве воодушеви
Шпанија е втората земја во Европа зад Италија која е најзагрозена од коронавирусот. Досега Ковид-19 во оваа земја однесе 558 животи, а заразени се речиси 14 илјади лица.
Целата земја е под „клуч“, граѓаните можат само по намирници и во аптека.
Што се однесува до Примера лигата, има случаи како Валенсија и Алавес, каде игрчите и стручниот штаб се заразени.
На сите клубови од Шпанија им се понудени тестови за тестирање на коронавирус, но Реал Ваљадолид ја одбил таквата понуда.

-Ла Лига ни понуди тестови, но не ги земавме од медицински и социјални причини. Ниту еден играч нема симптоми и веруваме дека постојатр луѓе на кои овие тестови се повеќе потребни отколку за нас. Таквите луѓе би требало да имаат приоритет, стои во соопштението на тимот, чиј сопственик е легендарниот Бразилец, Луис Назарио да Лима Роналдо.