Connect with us

Фудбал

Роналдо им призна на соиграчите во Јувентус дека го напушта клубот

Кристијано Роналдо има уште една година од договорот со Јувентус, но се чини дека ќе ја заврши својата епизода во Торино порано од планираното.

После тешката и турбулентна сезона, во која Јувентус сепак го освои Купот победувајќи ја Аталанта во финалето и освојувајќи место во Лигата на шампионите по голема борба, Роналдо заминува на кратка пауза, па на Европското првенство со Португалија.

Но, прашањето е каде тој ќе се врати по завршувањето на ЕП. Во Торино, се чини, нема. Според италијанските медиуми, Португалецот им признал на соиграчите во Јувентус дека си заминува ова лето.

Роналдо пристигна во Јувентус во 2018 година, но 36-годишникот не успеа да го донесе трофејот во Лигата на шампионите, а деветгодишната доминација на Јувентус на Апенините беше прекината. Со оглед на тоа што тој заработува 30 и неколку милиони евра по сезона, Јувентус одлучи дека е време за ремонт, и дека Роналдо може да бара нов клуб.

Неговите поранешни тимови Манчестер Јунајтед и Спортинг се поврзани со романтично враќање на нивната поранешна sвезда откако Реал Мадрид ја одби можноста повторно да го ангажира.

За време на неговиот тригодишен престој во Торино, Роналдо постигна 101 гол во дресот на Старата дама и забележа 22 асистенции во сите натпреварувања.

Исто така, медиумите наведуваат дека новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри го преминал Роналдо и дека тој сигурно не планира да го има во списокот во новата сезона, а Јувентус сега треба да ја одреди цената и да ја чека првата реална понуда.