Connect with us

Фудбал

Роналдо ја купил медиумската куќа која ја тужел 11 пати, веднаш ги наградил вработените!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат со купување на медиумска куќа Кофина Медиа, а  интересно е  што претходно 11 пати ги тужел.

Роналдо, според официјалните информации, за купување на Кофина Медиа потрошил 57 милиони евра, и веднаш ги освоил симпатиите на вработените. Имено, Роналдо веднаш решил на секој вработен да му подари чек од 1.250 евра.

Претходно, новинарите на оваа португалска куќа често „копаа“ во приватниот живот на Роналдо, поради што тој дури 11 пати ги тужеше. На крајот решил да ја купи целата компанија и да ги реши сите проблеми. “Единствената промена ќе биде името на компанијата. Сега ќе се вика Expressao Livre. Засрамени сме од сето она што се случи, но никој не се плаши дека ќе остане без работа. Свесни сме дека често го малтретиравме, но тој ја разбира нашата работа. Конкретно, среќни нашите спортски новинари“, изјави упатен од Кофина Медиа.