Connect with us

Тајмаут

Роналдо ја шири својата бизнис империја

Кристијано Роналдо се повеќе размислува за своите денови по завршувањето на фудбалската кариера. За ова зборуваат деловните потфати на португалската ѕвезда.

Заедно со синџирот хотели што го поседува, Роналдо ја отвора својата трета клиника за трансплантација на коса во Шпанија.

Новата клиника на Роналдо ќе биде лоцирана во Валенсија, а во неа се инвестирани 2 милиони евра. Останатите две се наоѓаат во Мадрид и Марбела.

Како што е познато, Роналдо има и свои брендови на долна облека и очила.