Connect with us

Фудбал

Роналдо ќе ја испразни касата на Јувентус!

Кристијано Роналдо ја доби повеќемесечната правна битка против неговиот поранешен клуб Јувентус, кој може да го уништи торинскиот гигант, бидејќи мора да му плати цело богатство. Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Јувентус ќе му плати на Роналдо близу 10 милиони евра, што е половина од сумата за која Португалецот го тужеше клубот врз основа на заостанатите плати.

Станува збор за плати од времето кога во Европа беснееше пандемијата на корона вирусот, а потсетуваме дека Роналдо во Јувентус заработуваше 31 милион евра годишно. Тогаш многу клубови им ги скратија платите на играчите поради недостиг на приходи, а Роналдо не се согласуваше со тоа, па реши да си ги побара парите преку суд. Роналдо денес е член на Саудиска Ал Наср, а Јувентус го напушти во август 2021 година. За Стара Дама одигра 134 натпревари и постигна 101 гол.