Фудбал
Роналдо: Мбапе ќе добие 50 милиони евра?! Играв во погрешно време
Килијан Мбапе од следното лето ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Оваа информација вчера ја објави угледниот германски „Билд“ кој воедно објави дека Французинот ќе добива астрономска плата. Со оглед на тоа дека Реал Мадрид ќе го ангажира како слободен играч, бидејќи му истекува договорот со ПСЖ, може да си дозволи да му даде поголема плата, а „Билд“ тврди дека тоа ќе биде 50 милиони евра годишно заедно со бонуси.
Бразилецот Роналдо, кој е сопственик на шпанскиот тим Ваљадолид ја искоментира целата ситуација.
„Мбапе е одличен фудбалер, има голема брзина и добра завршница. Очекувам да биде најдобар во свет. Прочитав во медиумите дека ќе зема плата од 50 милиони евра годишно. Ние игравме во погрешна генерација, а сега фудбалската индустрија расте многу брзо“, вели Роналдо.
Роналдо играше за Крузеиро, ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан, Коринтијанс. Со Барселона и Интер ги освои УЕФА Купот, со Реал Мадрид шампионска титула во Шпанија, пехари освојувал и со останатите тимови, освен со Милан. Со Бразил два пати беше светски првак, два пати ја освои Златната топка, три пати беше прогласуван за ФИФА играч на годината, ја освоил и Златната копачка. Се пензионираше во 2011 година.