Фудбал
Роналдо: Не дојдов во Манчестер Јунајтед за да бидам 6-ти на табелата
Кристијано Роналдо говорејќи за Sky Sports си ја отвори душата за она што му смета сезонава. Неговиот тим е неконкурентен, а тоа Роналдо не може да го прифати.
„Не можам да прифатам нашиот менталитет да биде да сме надвор од топ три во Премиер лигата“, рече Роналдо.
Роналдо секогаш играл во клубови кои на разни фронта се бореле за титули. Но, откако дојде во Манчестер тоа не е така. Ниту промената на тренерското место не даде резултати.
-Не сакам да седам тука за да бидам на шесто место, седмо или петто. Тука сум за да освојувам, да се надигрувам. Верувам дека можеме да се натпреваруваме, но сѐ уште не сме на нашето најдобро ниво. Имаме долг пат за да се подобриме и верувам доколку го смениме начинот на размислување, можеме да постигнеме големи нешта“, ѝ порача тој на управата на клубот.
Манчестер Јунајтед моментално е на 7. место со 31 бод, дури 22 бода зад лидерот и градски ривал, Манчестер Сити. Во игра е во ФА купот, како и во Лигата на шампионите, каде сепак тешко е за верување дека може да направи нешто големо, барем не со моменталниот состав.