Фудбал
„Роналдо? Не гледам смисла да го донесам“
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи одговори на гласините дека клубот од Париз би можел да потпише договор со Кристијано Роналдо.
Португалскиот репрезентативец неодамна го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а во вторникот демантираше дека постигнал договор со Ал Наср од Саудиска Арабија.
„Со оглед на тоа што ги имаме Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар, не гледам смисла да потпишеме договор со Роналдо. Без разлика, му посакувам многу среќа. Тој е неверојатен фудбалер“, изјави Ал-Хелаифи за Sky News.
Роналдо кариерата ја започна во Спортинг Лисабон, а играше и во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.
Португалија во сабота ќе се сретне со Мароко во четвртфиналето на Светското првенство.
PSG president Nasser Al Khelaifi on Cristiano Ronaldo: “Signing Ronaldo? The three players that we have [Messi, Neymar and Mbappé] it's very difficult to think about Ronaldo”, told Sky. 🔴 #PSG
“I wish him all the best. He's fantastic and he's still an amazing player”. pic.twitter.com/4K6eI59Wax
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 7, 2022