Фудбал
Роналдо одбил да тренира со резервите на Португалија!
Кристијано Роналдо очигледно не може без скандали. По Манчестер Јунајтед почна да ги прави и во португалската репрезентација.
Еден од најдобрите играчи во светот во 21. век го пропушти тренингот на Португалија на кој присуствуваа играчи кои не беа во стартниот состав на осминафиналето против Швајцарија. Наместо тоа, Португалецот инсистираше веднаш да започне со тренинзи во теретана, како и сите останати првотимци.
Португалија вчера ја декласираше Швајцарија со 6:1, а Роналдо најголемиот дел од натпреварот го следеше од клупата за резерви. Наместо него, натпреварот го започна 21-годишниот напаѓач на Бенфика Гонзало Рамос, кој постигна три и „намести“ еден гол.
Како што пишува Марка, на Роналдо не му се допаднало тоа што на тој натпревар добил само нешто помалку од 20 минути, па веднаш по натпреварот прв го напуштил теренот и наместо да слави со соиграчите, отишол во соблекувална.
Истите медиуми пренесуваат дека соиграчите на Роналдо биле шокирани кога виделе дека Роналдо ја игнорирал веќе воспоставената тренинг програма и решиле да тренира со првиот тим. Не е познато како на тоа реагирал селекторот Фернандо Сантош.