Фудбал
Роналдо: Ова е животен натпревар и за нас, не само за Македонија
-Знаеме дека тие се многу добро организирана репрезентација, имаат свои сили. Ги почитуваме, но мислам дека ако Португалија е на најдобро ниво, можеме да победиме која било репрезентација во светот. Ова е животен натпревар и за нас, не само не само за Македонија. Се надевам дека стадионот ќе одговори на најдобар начин, со многу силни вибрации во текот на 90-те минути, изјави Кристијано Роналдо за португалските медиуми.
Ако Португалија се квалификува, Светското првенство во Катар ќе биде последно за Кристијано Роналдо?
-Гледам дека многумина од вас го поставуваат истото прашање. Кој одлучува за мојата иднина, јас, никој друг, вели Роналдо за португалските медиуми.