Поврзи се

Фудбал

Роналдо по изјавата за можно заминување од Реал: Зборовите ми беа извадени од контекст

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо изјави дека бил погрешно разбран околу неговата иднина во мадридкиот тим во синоќешната изјава по финалето на Лигата на шампионите, во кое неговиот тим го совлада Ливерпул со 3:1.

– Сега не е време да зборуваме за лични работи, а и моите зборови можеби биле извадени од контекст. Можеби и не требаше да го кажам она што го кажав. Да се ​​освои ЛШ три пати по ред е нешто прекрасно, посебно и историско, рече Роналдо во интервју за „Фокс Спортс“.

Како што претходно јави МИА, Португалецот синоќа ја шокираше фудбалската јавност си својата изјава дадена неколку минути по завршувањето на финалето.

– Беше одлично да се игра во Реал Мадрид. По неколку дена ќе кажам нешто, ќе дадам одговор на навивачите, кои секогаш беа со мене, изјави ѕвездата на „белите“.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека Кристијано е среќен на „Сантијаго Бернабеу“ и нема да го напушти тимот.

– Секој има право да зборува, но јас не сакам да се задлабочувам во тоа. Мило ми е што Кристијано има пет трофеи од Лигата на Шампионите, бидејќи и јас имам толку. Денес славиме нов европски успех, па едноставно треба да уживаме. Кристијано е среќен и ќе продолжи да се чувствува така. Јас не сум во Киев да зборувам за индивидуални играчи, туку за да славам. Реал има 13 трофеи и ги има најдобрите играчи на секоја позиција, рече Перез.

Тренерот на „кралскиот“ клуб, Зинедин Зидан исто така одби да коментира зошто Роналдо ги кажал овие зборови, додека Серхио Рамос и Карим Бензема изразија сомнежи дека Португалецот ќе го напушти „Бернабеу“.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал