Connect with us

Фудбал

Роналдо „полуде“ во соблекувалната, дали се подготвува да замине?

Кристијано Роналдо немаше свој ден во дуелот помеѓу Јувентус и Џенова.

Беше 3:1, а Роналдо ја погоди стативата, па немаше среќа.

Тој беше видно лут по мечот, го фрли и својот дрес, а бесот го истури и во соблекувалната.

Според италијанските медиуми, Португалецот со тупаница удрил во ѕидот во соблекувалната, а потоа се истуширал и го напуштил стадионот.

Тој не сакаше да разговара со соиграчите, а наводно бил лут затоа што некои од нив биле себични со топката.

„Газета дело Спорт“ наведува дека сето ова може да значи дека Португалецот ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната.

Реклама

Facebook