Connect with us

Фудбал

Роналдо: Салах би можел да ја освои Златната топка

Кристијано Роналдо во едно од неговите интервјуа нагласи дека Мохамед Салах би можел да освои Златна топка.

Со години, Златната топка е резервирана за Лео Меси или Кристијано Роналдо, но во трката се приклучи и Салах, кој во оваа сезона експлодираше во дресот на Ливерпул.

Тоа го примети и португалецот, па изјави дека репрезентативецот на Египет конечно може да дојде до престижна награда.

„Многумина зборуваат за трката на Роналд и Меси, но има и други играчи кои можат да освојат Златна топка, а Салах дефинитивно е еден од нив”, рече Роналдо.

“Поразот на почетокот е лош начин да го започнете турнирот, па би било добро да го избегнеме”, рече Роналдо, додавајќи:

“Сон би било за секој португалец да го освоиме СП, а за тоа да го направиме мораме да играме како на Европското првенство во 2016 – како тим, сите заедно”.