Фудбал
Роналдо се изнервира на прес конференцијата пред Македонија: Jaс сум шефот, јас одлучувам (ВИДЕО)
Кристијано Роналдо на прес конференцијата синоќа пред мечот со Македонија вечерва во 20:45 часот, се изнервира по прашањата за неговата кариера. Новинарите го прашаа дали ова ќе биде последното негово СП, односно ако не се пласира Португалија на Мундијалот, дали се повлекува од репрезентацијата. Тој одговори дека постојано едно те исто го прашуваат.
„Јас сум одговорен за мојата кариера, точка“, изјави Роналдо,
„Многу луѓе го поставуваат ова прашање. Јас сум тој што ќе одлучи за мојата иднина.
Роналдо, исто така, изрази благодарност за помошта на навивачите во победата на Португалија од 3-1 над Турција минатиот четврток и ги замоли да „навиваат на ист начин“ против Северна Македонија.
„Ако Португалците се како што беа во четвртокот, ние ќе го добиеме натпреварот“, инсистираше Роналдо.