Connect with us

Тајмаут

Роналдо се ожени за 14 години помладa девојка! Бразилецот не се откажува – се ожени по ЧЕТВРТИ пат! (ФОТО)

Легендата на Бразил, Роналдо Назарио де Лима (47) се ожени со 14 години помладата манекенка Селина Локс. Тие се во врска од 2015 година, а луксузната венчавка од која манекенката сподели фотографии се одржа на Ибица.

Поранешниот играч на Барселона, Реал, Интер и Милан по четврти пат стапна на лудиот камен и очигледно се уште верува во љубов, иако досега немал многу среќа… Роналдо уште на почетокот на својата играчка кариера беше во врска со атрактивната бразилска актерка Сузана Вагнер, која ја запозна додека снимаше популарна сапуница.

Иако не беа во брак, живееја заедно две години и нивната љубов привлече големо внимание – наеднаш пукна, а само неколку месеци подоцна Роналдо се ожени со фудбалерката Милена Домингез!

Бракот траеше четири години и може да се каже дека беше успешен, ако се земе предвид дека разводот со ТВ-лицето Даниела Цизарели дојде само три месеци по луксузната венчавка во Франција! Ова е Роналдо со новата избраничка.

View this post on Instagram

A post shared by C E L i N A (@celinalocks)