Поврзи се со нас

Фудбал

Роналдо се повреди на мечот со Лацио

Рим, 8 ноември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо беше полесно повреден на натпреварот од 7. коло во Серија А против Лацио (1:1).

Португалецот беше заменет во 76. минута на денешната средба во Рим. Тој накривнуваше при напуштањето на теренот.

– При еден доскок, глуждот ми се сврти, му објасни Роналдо на тренерот Андреа Пирло, кој го праша како се чувствува.

Јувентус по седум натпревари има 13 бода и во моментов е на 4. место на табелата во Серија А. зс/

loading...

Facebook