Фудбал
Роналдо: Сите зборуваат за мене и Меси, а што е со Салах?
Кристијано Роналдо и Лионел Меси веќе десет години владеат со светот на фудбалот, но Португалецот е уверен дека Мохамед Салах може да стави крај на нивното владеење и да ја освои златната топка.
„Салах е откритие на сезоната. Се надевам дека повредата од финалето во Киев нема да го оддалечи од Светското првенство. Многу луѓе зборуваат за борба помеѓу Меси и Роналдо, но има и други играчи кои имаат шанса да се вклучат во трката за златната топка. Салах е еден од тие“, кажа Роналдо.
Египќанецот во оваа сезона постигна постигна 44 голови во сите натпреварувања во дресот на Ливерпул, но поради повреда со солзи во очите го напушти финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Иако сите мислеа дека Салах нема да оди на Сетското првенство, сепак тој се најде на списокот на Египет, но се очекува дека ќе го пропушти првиот натпревар.
Египет е во група со Русија, Саудиска Арабија, и Уругвај.