Connect with us

Фудбал

Роналдо свесно и пријде на избраното друштво, само за да понижи еден од нив!

Кристијано Роналдо и пријде на тимот од Sky Sports на загревањето пред натпреварот Манчестер Јунајтед – Ливерпул, но очигледно имал посебен план.

Манчестер Јунајтед во големо дерби го пречекува Ливерпул. „Црвените ѓаволи“ се под притисок по два порази, „црвените“ имаат два бода и се во нешто подобра ситуација, но јасно е дека вечерашната победа ќе има двојна моќ од оној што ќе ја постигне.

Кристијано Роналдо остана на клупата по одлука на Ерик тен Хаг, ќе чека шанса во иднина, а на загревањето Португалецот забележа „елитно друштво“ и група аналитичари за Скај Спортс.

Таму беа легендите на Манчестер Јунајтед, Гери Невил и Рој Кин, кои Роналдо ги поздрави и разговараше, но целосно го игнорираше Џејми Карагер.

Не, тој не го направи тоа бидејќи Карагер е легенда на ривалите на Јунајтед, Ливерпул, но не може да заборави некои од неговите претходни критики. Веднаш социјалните мрежи почнаа да реагираат на видеото кое веќе стана вирално, а многумина сметаат дека Роналдо прилично го понижил поранешниот дефанзивец на Црвените.

Во јули кога се знаеше дека Роналдо сака да го напушти Манчестер, Карагер изјави дека клубот ќе „дише“ доколку тој си замине.

“Роналдо го направи токму она што јас го мислев во Јунајтед. Даваше голови, но и го влоши тимот. Ова барање за трансфер апсолутно ја убива идејата дека го одбил Манчестер Сити поради љубовта кон Манчестер Јунајтед”, смета славниот дефанзивец.

Јунајтед одбива да го пушти Роналдо затоа што новиот менаџер Ерик тен Хег гради тим околу него. Роналдо, пак, не е задоволен од работата на Јунајтед во овој преоден рок и смета дека клубот не е доволно амбициозен.

Остануваат уште девет дена до крајот на преодниот рок, па ништо не е исклучено и Роналдо би можел да го напушти „Олд Трафорд“ до крајот на месецот.