Connect with us

Фудбал

Роналдо во големи проблеми поради контроверзен бизнис, ќе мора да оди на суд

Легендарниот фудбалер Кристијано Роналдо е погоден со тужба поради неговата вмешаност во контроверзна размена на криптовалути. Минатата година Роналдо потпиша партнерство со Binance, најголемата светска берза за криптовалути според обемот на тргување во тоа време.

„Ова е вашата шанса да се придружите на мојата заедница и да поседувате иконски моменти од мојата кариера“, рече Роналдо во ноември минатата година и ги покани своите обожаватели да му се придружат.
v

Првиот контроверзен договор Bibance го потпиша со Фудбалскиот сојуз на Аргентина. Летово договорот беше раскинат откако компанијата изјави дека „Аргентинската фудбалска асоцијација не ги исполнила целосно договорните обврски“.

Сега се појави нов проблем откако името на Роналдо беше вклучено во предложената колективна тужба од страна на тројца тужители. Тие тврдат дека „претрпеле сериозни загуби поради промоцијата на криптовалутите од Роналдо“.

Во тужбата се додава дека корисниците кои се пријавиле преку промоцијата на Роналдо ја користеле размената од други причини, како што е инвестирањето во нерегистрирани хартии од вредност.

„Промоцијата на Binance од Роналдо побара инвестиции во нерегистрирани хартии од вредност, охрабрувајќи ги неговите милиони фанови да инвестираат во Binance“, се вели во тужбата. Во тужбата се наведува и дека Роналдо знаел или требало да знае дека Binance продава нерегистрирани хартии од вредност. Голем број странски медиуми го контактираа Роналдо за коментар, но не добија.